РАБОТНО ОДБЕЛЕЖАН 21 МАРТ – ДЕНОТ НА ПРОЛЕТТА
Дата
March 21, 2018
Категорија
ВестиДенес, во организација на Градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов, а во соработка со ЈП Плаваја Радовиш беше реализирана голема еколошка акција – расчистување на диви депонии на следните локации:
1.Бул Александар Македонски – индустриски дел,
2.Раклиш – подрачно училиште,
3.Раклиш – локален пат кон с. Калаузлија,
4.Депонија Радовиш,
5.Пат кон планината Плачковица,
Воедно, целосно беа исчистени отпадите во четири групи на следните локации: Кеј 8 Септември – од двете страни, од ул Гоце Делчев (детско игралиште – Липа) до крај на ул. 22 Октомври (Кам Маркет), од ул. Св. Спасо Радовишки од влезот на ЈП Плаваја до крај, и бул. Александар Македонски од двете страни и ул. Плачковица од почеток до крај.