РАДОВИШАНИ ИЗВОЈУВАА УШТЕ ЕДНА ПОБЕДА
Дата
March 06, 2015
Категорија
ВестиВечерва со присуството на Хуманитарниот настан кој се одржа во СРЦ “25 мај” во Радовиш, Радовишани покажаа дека се хумани и со тоа “Извојуваа уште една победа”.
Хуманитарниот настан “Да изиграме за Шац” се одржа со почеток од 19.00 часот, а во него се одиграа два ревијални фудбалски натпревари помеѓу легендите на македонскиот фудбал во соработка со дел од македонската музичка естрада и легендите на радовишкиот фудбал со дел од радовишката музичка естрада. Средствата од продажбата на картите за настанот се за хуманитарни цели наменети за лекување на нашиот сограѓанин Даниел-Шац кој боледува од неколку болести, нему од лекарската препорака потребно му е сериозно засилено лекување и можен оперативен зафат во Турција.
Паралелно на продажбата на картите за настанот Црвениот крст од Радовиш имаше поставено и пунктови со кутии каде што посетителите имаа можност да донираат уште за еден наш сограѓанин Мартин, нему му се потребни седства за операција на очите.
ВЕЧЕРВА РАДОВИШАНИ ЈА ПОКАЖАА ХУМАНОСТА И “ИЗВОЈУВАА УШТЕ ЕДНА ПОБЕДА” …