Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | РАДОВИШАНИ МАСОВНО ПОМАГАА ВО СТАЈКОВЦИ
11846
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-11846,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

РАДОВИШАНИ МАСОВНО ПОМАГАА ВО СТАЈКОВЦИ

Дата

August 12, 2016

Категорија

Вести

Преку 70 лица од Радовиш денес помагаа во расчистувањето на последиците од невремето во с. Стајковце во Скопје. Покрај вработените до ТППЕ Радовиш, ЈП Плаваја, Македонски шуми и  вработени во општината, на повикот се вклучија и голем број на наши сограѓани, особено забележително беше присуството на членови на Здружението „Бедем“.

 

Радовишани се упатија во Скопје каде што во координација со кризниот штаб учествуваа и помогнаа во расчистување на куќите и дворните површини на повеќе смејства кој беа погодени од поплавата и работеа на расчистување на поплавените куќи и дворови зафатени од невремето.

 

Општина Радовиш и во наредниот период максимално ќе дава допринос, се до целосно санирање на штетите во погодените населени места во скопскиот регион.

 

Голема благодарност до компаниите кои ја помогнаа денешната акција и тоа: Детоните, Лукас трејд и Маком треф.