ВО РАДОВИШ СЕ РЕАЛИЗИРАШЕ АКЦИЈАТА „МАКЕДОНИЈА БЕЗ ОТПАД“
Дата
October 05, 2015
Категорија
Вести, Реализирани ПроектиОпштина Радовиш беше активно вклучена во проектот ,,Македонија без отпад,,.
Проектот има за цел да го исчисти отпадот кој се наоѓа на несоодветни места во околината, да развие свест кај граѓаните за правилно управување со отпадот и да развие механизми за подршка на граѓаните, општините и другите засегнати групи за подобро да се справат со неорганизирано и незаконско фрлање на отпад во нивните заедници.
Во саботата беше реализирана акцијата за собирање на отпад на две локации: на патот Радовиш-Плачковица и градскиот парк,, Чан баир,,.
Во активноста беа вклучени вработени од ЕЛС, од ЈП ,,Плаваја“ и од ЦУК.
Во претходните денови во овој проект беа вклучени сите општински основни училишта и средното општинско училиште каде што покрај собирање на отпадниот материјал во кругот на училиштата беа прикажувани и филмови со едукативна содржина за нашето опкружување во делот на одржувањето и заштитата на животната средина.