If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | РАДОВИШ БЕШЕ ДОМАЌИН НА „МАКЕДОНСКИОТ БИСЕР 2015“
10354
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-10354,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

РАДОВИШ БЕШЕ ДОМАЌИН НА „МАКЕДОНСКИОТ БИСЕР 2015“

Дата

May 10, 2015

Категорија

Вести, Спорт

Радовиш денес беше домаќин на 39. традиционален турнир во борење „Македонски бисер“. Овој турнир исто така беше причина повеќе да се одржи во Радовиш и по повод 20 години од најголемиот клупски успех на градот, освојувањето на шампионската титула во Европа, кога тогашниот клуб Бучим Јака стана европски клупски шампион.

Традицијата на радовишани во овој спорт е долга и плодна, каде што се докажа и на овој трофеј кој помина во одлична организација и даде квалитетни борби, а свечено беше отворен од страна на Марјан Спасески, директорот на Агенцијата за млади и спорт.

 

На трофејот „Македонски бисер 2015“ учествуваа борачи од седум земји (Македонија, Србија, Белорусија, Косово, Бугарија, Словачка и Турција).

За најдобар странски борач беше прогласен Ѓорги Златов од Бугарија, за најдобар македонски борач Иван Илиев, а трофејот „Македонски бисер 2015“ го освои нашиот Хамил Зубаиров.

 

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески им врачи признанија на борачите и управата кои успеаа да ја освојата шампионската светска титула пред 20 години, а исто така признаније доби и нашиот интернационален судија Лиманов кој вечерва со ревијално судење стави крај на својата долгогодишна судиска кариера.