Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | РАДОВИШ ГО ОДБЕЛЕЖA 6-ТИ НОЕМВРИ
17717
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-17717,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

РАДОВИШ ГО ОДБЕЛЕЖA 6-ТИ НОЕМВРИ

Дата

November 07, 2020

Категорија

Вести

И оваа година општина Радовиш го одбележа празникот 6-ти Ноември – 76 години од ослободувањето.

Најпрво во 11:00 час. во Паркот на млади беше положено свежо цвеќе а веднаш потоа во Центарот за култура „Ацо Караманов“ беше одржана свечена седница на Советот на општина Радовиш, на која, на предлог на комисијата за награди и признанија, беше донесена Одлука за доделување на овогодишните шестоноемвриски плакети.

 

 

Со почеток во 12:30 час. во Центарот за култура „Ацо Караманов“, беше одржана свечена академија на која беа доделени шестоноемвриските плакети.

Академијата започна со отварањето на ликовната изложба од радовишката ликовна колонија, а веднаш потоа Градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов со поздравен говор ја отвори свеченоста на доделување.

 

 

Најпрво, плакета за постигнат јубилеј и значаен придонес во афирмацијата на општина Радовиш беше доделена на Црковниот хор „Св.Спасо Радовишки“, а веднаш потоа беа доделени плакети од областа на културата на Ефтим Ристов – за особено достигнување во областа на културата и афирмација на општина Радовиш и на М-р Васо Ристов за придонес и континуирана поддршка на општина Радовиш во областа на јавните дејности.

Плакета за придонес во развојот и квалитетот на живеење на општина Радовиш беше доделена на Здравко Стефановски а веднаш потоа беа доделени и Плакетите за особен придонес во развојот и афирмацијата на општина  Радовиш на: Кирчо Сусинов, Ванчо Чифлиганец, Николајчо Николов и Василиј Борутцкиј.

 

 

Академијата заврши со настап на пијанистот Тоше Поплазаров од Радовиш.