РАДОВИШ ПРАЗНУВА И ГО ЧЕСТВУВА СВ. СПАСО РАДОВИШКИ
Дата
August 21, 2016
Категорија
Вести, КултураВо Радовиш вчера и денес се чествува празникот на Светиот новомаченик „Спасо Радовишки“ молител и заштитник на градот Радовиш.
Деветта година по ред, на Патронот и Заштитникот на Радовиш, Свети великомаченик, Спасо Радовишки, се одбележува со специјална програма. Годинава прославата почна со вечерна Архиерејска богослужба во храмот Св. „Троица“, со која чиноначалствува Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија. По вечерната богослужба со иконата на Светиот маченик Спасо Радовишки беше организирана и голема вечерна литија од храмот Св. „Троица“ до параклисот посветен на „Св. мч. Спасо Радовишки“, на градскиот плоштад во Радовиш, каде што се одржа молебен.
Исто така вчера во дворот на храмот „Света Троица“ беше одржана и духовна академија со целовечерен настап на хоровите од Радовиш, особено впечатлив настап имаше детскиот хор Св. Спасо Радовишки.
Празнувањето на заштитникот на градот Радовиш „Св. Спасо Радовишки„ продолжи денес во храмот „Св. Троица“ со Божествена Литургија на која богослужи Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот. По Литургијата беше организиран празничен ручек за сите верници во манастирот на свети „Георгиј“ во Ораовица.
Покрај духовниот дел програмата е збогатена и со културни настани – вечерва за сите најмлади на плоштадот „Св. Спасо Радовишки“ ќе се одржи концерт на Влатко Лозаностки -Лозано, утре вечер радовишани ќе можат да проследат и слушнат прекрасни староградски песни со фестивалот „Саноќ седам“.
Овогодишното чествување на празникот „Св. Спасо Радовишки е во организација на Здружението Св „Спасо Радовишки“, Општина Радовиш и Македонската православна црква.