РАДОВИШ СЕ ВРАЌА ВО НОРМАЛНОТО ФУНКЦИОНИРАЊЕ
Дата
July 24, 2014
Категорија
ВестиРадовиш се враќа во нормалата – денес активно се работеше низ целиот град, се расчистуваше по периферните улици и главните сообраќајници, Градоначалникот Сашко Николов преку целиот ден ја следеше работата на ангажираните лица и механизација кои го отстрануваа наност од земја, песок и чакал од невремето кое се случи вчера во утринските часови.
Покрај ангажираните јавни работници денес во работата учестуваа и ЈП Плаваја со свои работници и механизација, ППЕ Радовиш со своите цистерни и пумпи, како и приватните градежни компании од со својата механизација.
Во текот на вчерашниот и денешниот ден се расчисти поголем дел од наносот од невремето, а се санираа оштетените улици, патишта и потпорни зидови, останува уште работа која ќе се потрудиме да ја завршиме во најскор временски период, на денешната итна седница на Советот на општина Радовиш се донесе предлог Одлука за утврдување потреба од проценка на штета од елементарната-атмосферска непогода која се случи во општина Радовиш – истакна Градоначалникот Сашко Николов.