If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | РАДОВИШ ЌЕ ДОБИЕ НОВ РЕЗЕРВОАР ЗА ВОДА И НОВ ЦЕВКОВОД ВО ДОЛЖИНА ОД 3,5 КМ
16331
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-16331,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

РАДОВИШ ЌЕ ДОБИЕ НОВ РЕЗЕРВОАР ЗА ВОДА И НОВ ЦЕВКОВОД ВО ДОЛЖИНА ОД 3,5 КМ

Дата

July 10, 2019

Категорија

Вести, Тековни Проекти

Вчера се одржа првиот работен состанок за проектот со кој градот ќе добие нов цевковод и резервоар за вода со што би требало да се реши проблемот со недостатоците на вода особено во високата зона на левата страна од градот.

 

На состанокот се дефинираа проектните активности и динамиката на реализација на овој капитален проект за општината.

  • Целта на проектот е да решиме еден од поголемите проблеми кои ги имаме во општината и да обезбедиме питка вода за граѓаните во текот на целата година. Покрај новиот резервоарот ќе бидат заменети и старите азбестно-цементни цевки со што значително ќе се подобри квалитетот на водата во водоснабнителниот систем, истакна градоначалникот Конзулов

 

Проектот е финансиран со кредит од германската KfW Банка каде гарант е Општина Радовиш а изведувач на градежните работи „Жикол“ од Струмица.

Проектот предвидува нов цевковод од резервоарот во Коџа Баир до нов резервоар во Куклевица; нов цевковод од Раклиш до нов резервоар во Куклевица; нов цевковод од нов резервоар во Куклевица до дистрибутивна мрежа; нов резервоар во Куклевица V = 600 m3; потисен цевковод од пумпна станица „Куклевица“ до спојна шахта Раклиш како и набавка и транспорт, инасталација и пуштање во употреба на мерно-регулаторна опремa.