If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | РЕГУЛАЦИЈА НА ВОДОТЕКОТ НА РЕКА СУШИЦА-ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
10390
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-10390,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

РЕГУЛАЦИЈА НА ВОДОТЕКОТ НА РЕКА СУШИЦА-ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Дата

May 21, 2015

Категорија

Вести, Тековни Проекти

Градоначалникот на општина Радовиш Сашко Николов и министерот за животна средина Нурхан Изаири потпишаа договор со кој се предвидува изработка на проект: ,,Изработка на комплетна техничка документација за регулација на речното корито на река Сушица, Радовиш,,.

 

Со изработката на ова техничка документација во наредниот период ќе се спроведе комплетна регулација на водотекот на река Сушица, поради неминовните климатски промени, Општина Радовиш ќе биде изложена на голем ризик од повторување на поплави кои можат да предизвикаат штети од уште поголеми размери.

 

За таа цел прв чекор што треба да биде направен е да се изработи комплетна техничка документација која ке овозможи понатамошна регулација на речното крито во урбаниот дел. Познато е дека со надоаѓањето на река Сушица, во поплавите најголема штета претрпе индустриската зона како и дел од населениот урбан дел. Со недостаток на регулирање на водотекот и поројот на река Сушица, општината и ЈП Плаваја се соочија со постојано поплавување на 4 потопни пумпи на резервоарите за вода за водоснабдување на град Радовиш и останатите населени места.

 

До 2015 година, во овој дел на градот се случија уште 4 поплави од помал размер кои повторно предизвикаа определени штети. Речното корито на Сушица после поплавите беше исчистено и делумно оформено со земјени маси, продлабочено е со ископување и одлагање на наносот од речното корито до ниво на изградените прагови со кои делумно е извршена регулација на овој порој.