РЕШАВАЊЕ НА ПОВЕЌЕДЕЦЕНИСКИОТ ПРОБЛЕМ – ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА УЛ. ДАНЕ ТРАЈКОВ
Дата
May 05, 2015
Категорија
Вести, Реализирани ПроектиГо решаваме повеќедеценискиот проблем-започна изградбата на ул: ,,Дане Трајков,,
Во моментов започнуваме со решавање на еден повеќедецениски проблем кој со години се провлекува во нашиот град и во општината-улицата Дане Трајков-конечно ова улица ќе биде пробиена и асфалтирана.
Покрај тоа градежните работи вклучуваат и поставување на канализационна и атмосферска мрежа како и на водоводна мрежа. Градоначалникот на општината Сашко Николов изјави успешното решавање на овој проблем е резултат на заедничката работа во делот на решавање на проблемите кои во текот на годините само се продлабочувале, сега по решените имотно-правни работи, експропријација, подготвената техничка документација и завршената тендерска процедура граѓаните од пета месна заедница ќе бидат сведоци на решавање на овој повеќедецениски проблем. ,,Очекувам до средината на летото целата улица да биде комплетно завршена,,-изјави градоначалникот.
Никола Миовски-претседател на Советот на општина при заедничката посета на објектите изрази задоволство од начинот и динамиката според која се реализира програмата за градежно земјиште усвоена од Советот, како и ветената изборна програма на градоначалникот од која се реализирани голем број на проекти, а истотака се реализирани и проекти кои се надвор од програмата.