Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | РЕШЕНИЕ ЗА НАЗНАЧУВАЊЕ НА СЛУЖБЕНИК ЗА МЛАДИ
18122
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-18122,ajax_updown,page_not_loaded,,boxed,no_animation_on_touch,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

РЕШЕНИЕ ЗА НАЗНАЧУВАЊЕ НА СЛУЖБЕНИК ЗА МЛАДИ

Дата

April 23, 2021

Категорија

Вести, Известување, Соопштенија

Согласно член 23 од Законот за младинско учество и младински политики(Сл.весник на РСМ бр.10/2020)   , Градоначалникот на  Општина Радовиш,донесува:

 

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

за назначување на службеник за млади

 

  1. Административниот службеник Душан Хаџи-Василев вработен во Општина Радовиш и распореден на работно место со звање-Соработник за одржување на информатички систем се назначува за службеник за млади.
  2. Службеникот за млади ги извршува следните работни задачи и обврски:

-развивање,планирање и следење на активностите поврзани со младите и младинските политики;

-подршка на работата на локалната самоуправа ,локалниот младински  совет ,неговите членови ,спроведувањето на неговата програма,известување и транспарентност;

-одржување на комуникација и редовна соработка со младинските форми на здружување и младите;

-следење на потребите на младите преку обезбедување истражувања за потребите на општината ,консултации со млади и следење и информирање за анализи и истражувања за трендовите кај младите;

-обезбедување информации и информирање на младите;

-водење на база на податоци за разни младински активности,активни форми на младинско здружување и неформални младински групи за потребите на Истражувачкиот центар на Агенцијата за млади и спорт;

-редовна комуникација со Агенцијата за млади и спорт;

-да биде контакт за сите младински прашања на локалната самоуправа кон младите и јавноста; и

-службеникот за млади е одговорен за работата на Канцеларијата за млади.

 

3.Оваа решение влегува во правна сила од денот на неговото донесување.

 

составил/Петар Поп-Лазаров

контролирал/Драги Стојанов

 

Градоначалник Герасим Конзулов