РЕШЕНИЕ ЗА ОДОБРУВАЊЕ ПЛАНСКА ПРОГРАМА ЗА ИЗРАБОТКА НА УРБАНОСТИЧКИ ПЛАН ЗА ПАРЦЕЛАЦИЈА НА ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА НА КП БР.4582 КО РАДОВИШ
Дата
December 30, 2020
Категорија
Вести, Известување, СоопштенијаВрз основа на член 44, став 5 од законот за Просторно и урбанистаичко планирање (Сл. Весник Бр. 32/2020) Градоначалникот на општина Радовиш по доставен предлог за одобрување на Планска програма, Ви доставува предлог за одобрување на Планска Програма за изработка на Урбанистички Проект со ПЛАН ЗА ПАРЦЕЛАЦИЈА НА ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА на КП бр.4582, КО Радовиш, во Радовиш, Општина Радовиш.од страна на Комисијата за урбанизам, го донесува следното:
РЕШЕНИЕ
СЕ ОДОБРУВА Планска Програма за изработка на Урбаностички план за парцелација на градежна парцела на КП бр.4582 КО Радовиш, во Радовиш, со тех. бр. 043-0309/2020 изработена од ДПГУ ВЕКТОР 92 Томе дооел Струмица, за потребите на ,,Супер Хит Еден,, дооел Радовиш, ,,Алто-Ве,, дооел Радовиш и ,,Елма Транс,, дооел Радовиш.
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
До општина Радовиш доставено е барање за одобрување на Планска Програма за изработка на Урбанистички Проект со ПЛАН ЗА ПАРЦЕЛАЦИЈА НА ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА на КП бр.4582, КО Радовиш, во Радовиш за потребите на ,,Супер Хит Еден,, дооел Радовиш, ,,Алто-Ве,, дооел Радовиш и ,,Елма Транс,, дооел Радовиш.
Во прилог на барањето е доставено:
Планска Програма за Урбанистички Проект со План за Парцелација на Градежна парцела на КП бр.4582, КО Радовиш, во Радовиш
Ажурирана подлога со граница на плански опфат.
Од страна на Комисијата за урбанизам формирана од Градоначалникот на општина Радовиш, со Решение бр. 09 – 267/1 од 05.02.2020год. беше разгледана доставената за изработка на Урбанистички Проект со План за Парцелација на Градежна парцела на КП бр.4582, КО Радовиш, во Радовиш, Општина Радовиш, по што истата е потпишана и доставена до Градоначалникот со Предлог за одобрување на Планска Програма бр. 26-1119/2 од 17.12.2020 год.
Врз основа на горе наведеното Градоначалникот одлучи како во диспозитивот на оваа Решение.
Упатство за правно сртедство:Против ова решение може да се изјави жалба во рок од 15 дена од денот наприемот на реѓшението, преку овој орган до министерот кој раководи со органот на државната управа надлажен за вршење на работите од областа на уредување на просторот.
Жалбата се таксира со 250,00 ден.административни такси.