РЕШЕНИЕ ЗА СВИКУВАЊЕ КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ
Дата
November 08, 2021
Категорија
Вести, СоветВрз основа на член 37 од Законот за локална самоуправа, член 19 став 2 од Статутот на општина Радовиш и член 5 став 1 од Деловникот за работа на Советот на општина Радовиш, се донесе Решение за свикување на конститутивна седница на Советот на општина Радовиш.
Седницата ќе се одржи на 11.11.2021 година (Четврток) со почеток од 11.00 часот. во Центарот за култура Ацо Краманов во Радовиш