РЕШЕНИЕ СЕ ОДОБРУВА ПЛАНСКА ПРОГРАМА ЗА ИЗРАБОТКА НА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ДУП ЗА УБ ДЕЛ 8 И УБ ДЕЛ 9 ВО РАДОВИШ, ВО Е-УРБАНИЗАМ СО БРОЈ НА ПОСТАПКА: 41496
Дата
May 05, 2022
Категорија
Вести, Известување, СоопштенијаРЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
ОПШТИНА РАДОВИШ
Бр. 09 – 576/3
Дата: 21.04.2021г.
Врз основа на член 44, став 7 од Законот за Урбанистаичко планирање (Сл. Весник Бр. 32/2020) Градоначалникот на општина Радовиш по доставен предлог за одобрување за изработка на Планска Програма за изменување и дополнување на ДУП за УБ дел 8 и УБ дел 9 во Радовиш, на урбанистички план со класа на намена А1–домување, А2–домување во станбени згради, Б4-деловни простории, Г2-лесна индустрија, Е1-сообраќајни површини, Е2-комунална супраструктура, проектен опфат со површина од 14,00ха, КО Радовиш, КО Радовиш вон град, во Општина Радовиш.
По предлог за одобрување на Планска Програма од страна на Комисијата за урбанизам, Градоначалникот го донесува следното:
РЕШЕНИЕ
СЕ ОДОБРУВА Планска Програма за изработка на изменување и дополнување на ДУП за УБ дел 8 и УБ дел 9 во Радовиш, во е-урбанизам со број на постапка: 41496, со класа на намена А1 – домување, А2 – домување во станбени згради, Б4-деловни простории, Г2-лесна индустрија, Е1-сообраќајни површини, Е2-комунална супраструктура, КО Радовиш, КО Радовиш вон град, Општина Радовиш, со тех. бр. 02/2022, март 2022 год. изработена од ИУСЕ ИН-ПУМА доо Скопје, за потребите на инвеститор општина Радовиш.
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
До општина Радовиш доставено е барање за одобрување на Планска Програма за изработка на изменување и дополнување на ДУП за УБ дел 8 и УБ дел 9 во Радовиш, со проектен опфат со површина од 14,00 ха, КО Радовиш, КО Радовиш вон опфат, во Општина Радовиш, за потребите на инвеститор Општина Радовиш.
Во прилог на барањето е доставено:
Планска Програма за изработка на изменување и дополнување на ДУП за УБ дел 8 и УБ дел 9 во Радовиш, со класа на намена: А1– домување во станбени куќи, А2–домување во станбени згради, Б4-деловни простории, Г2-лесна индустрија, Е1-сообраќајни површини, Е2-комунална супраструктура, со проектен опфат од 14,00ха, КО Радовиш, КО Радовиш вон град, во Радовиш, Општина Радовиш, со тех.бр.02/2022, од март 2022 год, изработена од ИУСЕ ИН-ПУМА доо Скопје.
Ажурирана подлога со граница на плански опфат.
Од страна на Комисијата за урбанизам формирана од Градоначалникот на општина Радовиш, со Решение бр.09 – 232/1 од 01.02.2022год. беше разгледана доставената документација за изработка на Планска Програма за изменување и дополнување на ДУП за УБ дел 8 и УБ дел 9 во Радовиш, со проектен опфат од 14,00 ха, КО Радовиш, КО Радовиш вон град во Општина Радовиш, по што истата е потпишана и доставена до Градоначалникот со Предлог за одобрување на Планска Програма бр. 26-576/2 од 04.04.2022 год.
Врз основа на горе наведеното Градоначалникот одлучи како во диспозитивот на оваа Решение.
Упатство за правно сртедство: Против ова решение може да се изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението, преку овој орган до министерот кој раководи со органот на државната управа надлажен за вршење на работите од областа на уредување на просторот.
Жалбата се таксира со 250,00 ден. административни такси.