РЕШЕНИЕ СЕ ОДОБРУВА Планска Програма во е-урбанизам со број на постапка:40566 за изработка на Урбанистички План вон опфат на урбанистички план со класа на намена А1 – домување, со проектен опфат: четири градежни парцели ГП 1.17, ГП 1.18 ГП 1.18.1 и ГП 1.19, на КП – 4233/1, КП – 4234/1, КО Радовиш
Дата
March 29, 2022
Категорија
Вести, Известување, СоопштенијаВрз основа на член 44, став 7 од Законот за Урбанистаичко планирање (Сл. Весник Бр. 32/2020) Градоначалникот на општина Радовиш по доставен предлог за одобрување на Планска програма, со број на постапка: 40566, Ви доставува предлог за одобрување на Планска Програма за изработка на Урбанистички Проект со план за парцелација за промена на граници на градежни парцели ГП 1.17, ГП 1.18 ГП 1.18.1 и ГП 1.19 од ДУП за УБ дел 8 и УБ дел 9 во Радовиш, на урбанистички план со класа на намена А1 – домување, со проектен опфат: КП – 4233/1, КП – 4234/1, КО Радовиш, во Општина Радовиш.
По предлог за одобрување на Планска Програма од страна на Комисијата за урбанизам, Градоначалникот го донесува следното:
РЕШЕНИЕ
СЕ ОДОБРУВА Планска Програма во е-урбанизам со број на постапка:40566 за изработка на Урбанистички План вон опфат на урбанистички план со класа на намена А1 – домување, со проектен опфат: четири градежни парцели ГП 1.17, ГП 1.18 ГП 1.18.1 и ГП 1.19, на КП – 4233/1, КП – 4234/1, КО Радовиш, Општина Радовиш, со тех. бр. 003-2001/2022 јануари 2022, изработена од ДПГИ ВЕКТОР 90 Томе дооел Струмица, за потребите на инвеститор Бистра Илиева од Радовиш.
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
До општина Радовиш доставено е барање за одобрување на Планска Програма за изработка на Урбанистички Проект со план за парцелација за промена на граници на четири градежни парцели: ГП 1.17, ГП 1.18 ГП 1.18.1 и ГП 1.19 од ДУП за УБ дел 8 и УБ дел 9 во Радовиш, со проектен опфат: КП – 4233/1, КП – 4234/1, КО Радовиш, во Општина Радовиш, за потребите на инвеститор Бистра Илиева од Радовиш.
Во прилог на барањето е доставено:
Планска Програма за изработка на Урбанистички План вон опфат на урбанистички план со план за парцелација за промена на граници на четири во две градежни парцели ГП 1.17, ГП 1.18 ГП 1.18.1 и ГП 1.19 од ДУП за УБ дел 8 и УБ дел 9 во Радовиш, со класа на намена А1 – домување, со проектен опфат: КП – КП – 4233/1, КП – 4234/1, КО Радовиш во Општина Радовиш, со тех. бр. 003-2001/2022 од 01.2022год. изработена од ДПГИ ВЕКТОР 90 Томе дооел Струмица,
Ажурирана подлога со граница на плански опфат.
Од страна на Комисијата за урбанизам формирана од Градоначалникот на општина Радовиш, со Решение бр.09 – 232/1 од 01.02.2022 год. беше разгледана доставената документација на Планска Програма за изработка на Урбанистички Проект со план за парцелација за промена на граници на две градежни парцели: ГП 1.17, ГП 1.18 ГП 1.18.1 и ГП 1.19 од ДУП за УБ дел 8 и УБ дел 9 во Радовиш, со проектен опфат: КП – КП – 4233/1, КП – 4234/1, Радовиш во Општина Радовиш, по што истата е потпишана и доставена до Градоначалникот со Предлог за одобрување на Планска Програма бр. 26-362/2 од 04.03.2022 год.
Врз основа на горе наведеното Градоначалникот одлучи како во диспозитивот на оваа Решение.
Упатство за правно сртедство: Против ова решение може да се изјави жалба во рок од 15 дена од денот наприемот на реѓшението, преку овој орган до министерот кој раководи со органот на државната управа надлажен за вршење на работите од областа на уредување на просторот.
Жалбата се таксира со 250,00 ден. административни такси.