If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | РЕШЕНИЕ: СЕ ОДОБРУВА ПЛАНСКА ПРОГРАМА ВО Е-УРБАНИЗАМ СО БРОЈ НА ПОСТАПКА: 39449 ЗА ИЗРАБОТКА НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН СО КЛАСА НА НАМЕНА А1 – ДОМУВАЊЕ
18657
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-18657,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

РЕШЕНИЕ: СЕ ОДОБРУВА ПЛАНСКА ПРОГРАМА ВО Е-УРБАНИЗАМ СО БРОЈ НА ПОСТАПКА: 39449 ЗА ИЗРАБОТКА НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН СО КЛАСА НА НАМЕНА А1 – ДОМУВАЊЕ

Дата

January 12, 2022

Категорија

Вести, Известување, Соопштенија

Врз основа на член 44, став 7 од Законот за Урбанистаичко планирање (Сл. Весник  Бр. 32/2020) Градоначалникот на општина Радовиш по доставен предлог за одобрување на Планска програма, Ви доставува предлог за одобрување на Планска Програма за изработка на Урбанистички Проект со план за парцелација за промена на граници на три градежни парцели ГП 4.24, ГП 4.23 и ГП 4.25 од ДУП за УБ дел 8 и УБ дел 9 во Радовиш, на урбанистички план со класа на намена А1 – домување, со проектен опфат: КП – 3937/1, КП – 3937/3, КП – 3937/4, КО Радовиш вон град, во Општина Радовиш.

По предлог за одобрување на Планска Програма од страна на Комисијата за урбанизам, Градоначалникот го донесува следното:

 

                                 РЕШЕНИЕ

                                                                       

             СЕ ОДОБРУВА Планска Програма во е-урбанизам со број на постапка: 39449 за изработка на Урбанистички План вон опфат на урбанистички план со класа на намена А1 – домување, со проектен опфат: три градежни парцели ГП 4.24, ГП 4.23 и ГП 4.25, на КП – 3937/1, КП – 3937/3, КП – 3937/4, КО Радовиш вон град, Општина Радовиш, со тех. бр. 045-0811/2021, ноември 2021, изработена од ДПГИ  ВЕКТОР 90 Томе дооел Струмица, за потребите на инвеститор Тони Филипов од Радовиш.

 

           

                               ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

 

До општина Радовиш доставено е барање за одобрување на Планска Програма за изработка на Урбанистички Проект со план за парцелација за промена на граници на три градежни парцели: ГП 4.24, ГП 4.23 и ГП 4.25 од ДУП за УБ дел 8 и УБ дел 9 во Радовиш, со проектен опфат: КП – 3937/1, КП – 3937/3, КП – 3937/4, КО Радовиш вон опфат, во Општина Радовиш, за потребите на инвеститор Тони Филипов од Радовиш.

Во прилог на барањето е доставено:

Планска Програма за изработка на Урбанистички План вон опфат на урбанистички план со план за парцелација за промена на граници на три градежни парцели ГП 4.24, ГП 4.23 и ГП 4.25 од ДУП за УБ дел 8 и УБ дел 9 во Радовиш, со класа на намена А1 – домување, со проектен опфат: КП – 3937/1, КП – 3937/3, КП – 3937/4 КО Радовиш вон град во Општина Радовиш, со тех. бр. 045-0811/2021, од 11.2021год. изработена од ДПГИ ВЕКТОР 90 Томе дооел Струмица,

Ажурирана подлога со граница на плански опфат.

Од страна на Комисијата за урбанизам формирана од Градоначалникот на општина Радовиш, со Решение бр.26 – 639/1 од 26.04.2021год. беше разгледана доставената документација на Планска Програма за изработка на Урбанистички Проект со план за парцелација за промена на граници на три градежни парцели: ГП 4.24 кон ГП 4.23 и ГП 4.25 од ДУП за УБ дел 8 и УБ дел 9 во Радовиш, со проектен опфат: КП – 3937/1, КП – 3937/3, КП – 3937/4 Радовиш вон град во Општина Радовиш, по што истата е потпишана и доставена до Градоначалникот со Предлог за одобрување на Планска Програма бр. 26-1441/2 од 24.12.2021 год.

Врз основа на горе наведеното Градоначалникот одлучи како во диспозитивот на оваа Решение.

 

Упатство за правно сртедство: Против ова решение може да се изјави жалба во рок од 15 дена од денот наприемот на реѓшението, преку овој орган до министерот кој раководи со органот на државната управа надлажен за вршење на работите од областа на уредување на просторот.

Жалбата се таксира со 250,00 ден. административни такси.