If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | РЕШЕНИЕ СЕ ОДОБРУВА Планска Програма во е-урбанизам со број на постапка: 41726 за изработка на Урбанистички Проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13
19225
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-19225,ajax_updown,page_not_loaded,,boxed,no_animation_on_touch,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

РЕШЕНИЕ СЕ ОДОБРУВА Планска Програма во е-урбанизам со број на постапка: 41726 за изработка на Урбанистички Проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13

Дата

May 04, 2022

Категорија

Вести, Известување, Соопштенија

Врз основа на член 44, став 7 од Законот за Урбанистаичко планирање (Сл. Весник Бр.32/2020) Комисијата за урбанизам до Градоначалникот на општина Радовиш доставува предлог за одобрување на Планска Програма за изработка на Урбанистички Проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани за фотонапонска електроцентрала со капацитет до 1МW на дел од КП 1082 КО Сулдурци, Општина Радовиш, со површина на проектен опфат 0,92 ха.

По предлог за одобрување на Планска Програма од страна на Комисијата за урбанизам, Градоначалникот го донесува следното:

 

                                              РЕШЕНИЕ

                                                                       

           СЕ ОДОБРУВА Планска Програма во е-урбанизам со број на постапка: 41726 за изработка на Урбанистички Проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13–површински соларни и фотоволтаични електрани за фотонапонска електроцентрала со капацитет до 1МW на дел од КП 1082 КО Сулдурци, Општина Радовиш, со површина на проектен опфат 0,92 ха. Планска Програма со тех. бр. 02-03/2022 од 10.03.2022год, изработена од ЧИП ГРОУП дооел Скопје, за потребите на инвеститор  САУЛИТЕ 22  ДООЕЛ Скопје.

          

                                                         ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

 

До општина Радовиш доставено е барање за одобрување на Планска Програма за изработка на Урбанистички Проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани, за фотонапонска електроцентрала со капацитет до 1МW на дел од КП 1082 КО Сулдурци, Општина Радовиш, за потребите на инвеститор САУЛИТЕ 22 дооел Скопје.

Во прилог на барањето е доставено:

Планска Програма за одобрување на изработка на Урбанистички Проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани, за фотонапонска електроцентрала со капацитет до 1МW на дел од КП 1082 КО Сулдурци, Општина  Радовиш со тех. бр. 02-03/2022, од 10.03.2022 год. изработена од ЧИП ГРОУП дооел Скопје, со површина на проектен опфат: 0,92 ха.

Ажурирана подлога со граница на плански опфат.

 

Од страна на Комисијата за урбанизам формирана од Градоначалникот на општина Радовиш, со Решение бр.26 – 232/1 од 01.02.2022год. беше разгледана доставената документација за одобрување на Планска Програма за изработка на Урбанистички Проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани за фотонапонска електроцентрала со капацитет до 1МW на дел од КП 1082 КО Сулдурци, Општина Радовиш, по што истата е потпишана и доставена до Градоначалникот со Предлог за одобрување на Планска Програма бр. 26-565/2 од 21.04.2022 год.

 

Врз основа на горе наведеното Градоначалникот одлучи како во диспозитивот на оваа Решение.

 

Упатство за правно сртедство: Против ова решение може да се изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението, преку овој орган до министерот кој раководи со органот на државната управа надлажен за вршење на работите од областа на уредување на просторот.

Жалбата се таксира со 250,00 ден. административни такси.

 

 

 

            Доставено до

Барател

Архива