РК РАДОВИШ ПРОДОЛЖУВА СО СКЛУЧУВАЊЕТО НА ДОГОВОРИТЕ СО ИГРАЧИТЕ
Дата
July 08, 2014
Категорија
Вести, СпортЕкипата на РК Радовиш продолжува со засилувања и оновување на договорите на играчите за престојната сезона и тоа: Славјан Паунов, Славче Спасов (голмани), Александар Долдуров (лево крило), Спасе Горгиев (десно крило), Миле Ордев, Борче Фенов, Игор Конзулов, Александар Марков, Љупче Мијалов (бекови).
Покрај нив договори претходно потпишаа Ивица Илиев (среден бек) и Костадин Петров (пикер).
Стручниот штаб на РК Радовиш не информираше дека наскоро ќе стартуваат подготовките, а тој период кон екипата ќе се приклучат и уште 2-3 засилувања – со кој во овој момент се преговара, а целта е подигнување на квалитетот на играчкиот кадар во екипата и максимална подготвеност за престојната сезона .