If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | РУДАРСКИ СИМПОЗИУМ “ПОДЕКС-ПОВЕКС” – РАДОВИШ ‘14
9453
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-9453,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

РУДАРСКИ СИМПОЗИУМ “ПОДЕКС-ПОВЕКС” – РАДОВИШ ‘14

Дата

November 14, 2014

Категорија

Вести

Денес во хотелот Бел Камен во Радовиш се одржа Седмото стручно советување на тема: Технологија на подземна и површинска експлоатација на минералните суровини “Подекс-Повекс“ ’14, кој е во организација на Здружението на рударско и геолошки инженери на Македонија.

 

Со преку 100 учесници од Македонија, Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина и други земји беа претставени 23 научни труда од вкупно 41 пристигнати за овој симпозиум.

 

На почетокот беше избрано работно претседателство на чело со Проф. Д-р. Ристо Дамбов, а симпозиумот го отвори Заменик генералниот директор на рудникот Бучим Николајчо Николов.

 

Во текот на целиот работен ден свое излагање имаа и голем број на учесници и претставници: Деканот на факултетот за природни и технички науки при УГД Проф. Д-р Зоран Панов, Деканот на технoлошко металуршкиот факултет Проф. Д-р Александар Димитров, Претставници од Mинистерството за економија, претставници на сојузот на рударски инженери на Србија и професори од рударско геолошкиот факултет од Белград, претставници на научно техничкиот сојуз на Бугарија, претставници на рударскиот сојуз на Босна и Херцеговина, како и претставници на компании за рударска опрема и машини.

 

Во целодневната програмска содржина преку презентациите беа објаснети состојбите во рударството во Република Македонија и перспективите за наредниот период, беше направен осврт кон престојните истражувања на јаглен низ Македонија, беше претставена Минерално-суровинската политика на Бугарија на почетокот на 19 век, беа објаснети основните принципи на заштита на животната средина при изградба на рудник за јаглен и термоцентрала, и многу други геолошки истражувања и примени на софтверски програми за проектирање и моделирање на рударството.

 

Рударскиот симпозиум завршува утре со посета на рудникот Бучим во Радовиш од страна на гостите.