„САМУН ЕМ ТАТЛИЈА“ – НАЈДОБРА ПОМЕЃУ НАЈДОБРИТЕ
Дата
September 28, 2016
Категорија
ВестиГолемо признание за манифестацијата „Самун ем татлија“ стигна од Министерството за економија прогласувајки ја за најуспешна манифестација за 2016 година, рамо до рамо со Охридското културно лето и Галичка свадба.
Да нема забуни, параметрите кој се земени при изборот на манифестацијата се зимаат од претходните две години, и врз основа на нив по повод светскиот ден на туризмот 27 септември министерството ја носи оваа одлука.
Оваа година манифестацијата „Самун ем татлија“ ке се одржи од 14 до 16 октомври и оваа признание преставува поттик за уште подобра организација како би се оправдала довербата но и мотив плус што е можно повеке грагани да дојдат и да ја посетат најуспешната манифестација за 2016 година.