САНИРАНИ И ОБНОВЕНИ ИГРАЧКИТЕ И УРБАНАТА ОПРЕМА ВО ДЕТСКИТЕ КАТЧИЊА
Дата
July 02, 2014
Категорија
ВестиОпштина Радовиш по петти пат ги санираше и обнови играчките и урбаната опрема кои беа оштетени и искршени од несовесните граѓани низ детските паркови во Радовиш.
Од страна на надлежните беше истакнато дека во наредниот период ќе се воспостави засилена контрола врз овие детски катчиња и сите злонамерници кои ќе бидат забележани и затекнати како ја уништуваат и оштетуваат урбаната опрема ќе бидат максимално санкционирани и казнети.