СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА
Дата
September 08, 2017
Категорија
ВестиПоложено свежо цвеќе на споменикот на Денот на независноста на Република Македонија 8-ми Септември Градоначалникот на општина Радовиш Сашко Николов положи свежо цвеќе пред споменикот на спомен обележјето пред Општина Радовиш.
Празникот ја означува сувереноста, независноста и самостојноста на Македонија и македонскиот народ. Градоначалникот Николов истакна дека: „Со референдумот од 1991 година се остварува вековната борба на македонскиот народ независна и самостојна Република Македонија. Принципи врз кои ја градиме и сакаме да ја изградиме нашата држава и таа да опстои, да го зачуваме она што го имаме и да го надоградуваме истото во сите нејзини сегменти во правниот, политичкиот, економскиот систем и тоа ќе ни даде шанса да воспоставиме партнерство со сите оние кои ќе имаат интерес со нас да бидат“.