СВЕЧЕНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ
Дата
November 05, 2018
Категорија
ВестиДенес беше одржана свечената седница на Советот на општина Радовиш, по повод 6-ти Ноември-Денот на ослободувањето на градот Радовиш.
Советниците на оваа седница работеа со Дневен ред од четири точки.
Свечено обраќање пред присутните имаа Претседателот на Советот Коле Чаракчиев и Градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов по повод „6-ти Ноември“ – 74 години од ослободувањето на Радовиш.
Потоа се продолжи со одобрување на Предлог-Одлука за доделување на општинските награди и признанија по повод празникот „6-ти Ноември“ – 74 години од ослободувањето на Радовиш.