СВЕЧЕНО ОТВАРАЊЕ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „САМУН ЕМ ТАТЛИЈА“
Дата
October 12, 2018
Категорија
ВестиВо Радовиш следните три дена ќе е во знакот на традиционалните специјалитети „Самунот и Татлијата“, во попладневните часови беше свеченото отварање на манифестацијата каде што поздравен говор имаше Градоначалникот Герасим Конзулов.
Потоа беше претставен „Мега Самунот“ и „Мега Татлијата“ – со прекрасна кореографија и поддршка од Центарот за Култура „Ацо Караманов“. Честа првото парче да го пресече го имаше Градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов.
На овој момент присутни беа голем број на граѓани и гости од збратимените градови со Радовиш.
Програмата продолжува со музичкиот дел каде што покрај големиот број на музички групи и звезди, вечерва настап ќе имат и „Црвена јабука“.