СВЕЧЕНО ПОТПИШУВАЊЕ НА ДОГОВОРИТЕ ЗА СТИПЕНДИИ НА НАЈДОБРИТЕ УЧЕНИЦИ ВО ОСНОВНОТО И СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО ОПШТИНА РАДОВИШ
Дата
January 25, 2019
Категорија
Вести, Тековни ПроектиОПШТИНА РАДОВИШ ДОДЕЛИ 29 СТИПЕНДИИ НА ТАЛЕНТИРАНИ УЧЕНИЦИ
Денес, 25.01.2019 год. – Петок, Градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов на свечен начин ги додели договорите за стипендирање на најдобрите ученици во основното и средното образование во Радовиш за учебната 2018/19 год.
Се доделија вкупно 29 стипендии на талентирани ученици во општина Радовиш од кои, 16 (шеснаесет) стипендии на талентирани ученици од VI до IX одделение во основните општински училишта, во висина од 2.500 ден., 6 (шест) стипендии на талентирани ученици од I до IV година во средното општинско училиште во висина од 3.000 ден. и 7 (седум) стипендии на одлични ученици по основ на социјален карактер.
„Голема радост и задоволство е да се биде во присуство на најталентираните ученици во основното и средното образованиe во нашата општина. Во иднина ќе се зголеми бројот на стипендиите во средното образование со цел уште повеќе да се стимулира натпреварот за поголеми успеси во нашите училишта“ истакна Градоначалникот Конзулов.