СИЛНО НЕВРЕМЕ ГО ЗАФАТИ РАДОВИШ
Дата
July 23, 2014
Категорија
ВестиРадовишани во утринските часови беа сведоци на силното невреме кој го зафати градот Радовиш и околните места, проследено со обилни врнежи од дожд и силни грмотевици кои започнаа околу два часот по полноќ па се до девет часот утринава.
Во обиколката низ грдот бевме сведоци на големи наноси од песок, земја и чакал, а настрадаа и голем број семејства со поплавување на долните простории од своите стамбени објекти, исто така има и поплавување во индустрискиот дел од градот, а целосно се оштетени и две улици со откорнување на самиот асфалт.
Уште во утринските часови Градоначалникот Сашко Николов ги мобилизираше службите и свика координативен состанок од каде што сите потоа излегоа на терен и започна со расчистување на градот.
Во оваа акција се вклучени ЈП Плаваја, ППЕ Радовиш, градежните фирми од Радовиш, ангажираните јавни работници и др.
Од обилните врнежи исто така беа оштетени и потпорните зидови на ул. Ана Поцкова каде што механизацијата веднаш пристигна на местото и почна со работа.
Градоначалникот истакна дека со интензивна работа во текот на денешниот и утрешниот ден – работите треба да се вратат во нормала, а во наредните денови комисијата за елементарни непогоди треба да излезе на терен и да ја утврди фактичката состојба и нанесената штета врз граѓаните и индустријата.