СОВЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ ЈА ОДРЖА III СЕДНИЦА
Дата
December 22, 2017
Категорија
Вести, СоветСоветот на општина Радовиш денес ја одржа третата седница. Седницата ја водеше Претседателот на Советот Коле Чаракчиев, а се работеше со однапред донесен дневен ред од 49 точки.
Од страна на советниците до Градоначалникот Герасим Конзулов беа поставени повеќе прашања на кој даде одговор самиот градоначалник Конзулов и дел од раководните лица од општина Радовиш.
На почетокот седницата ја напуштија Советниците од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во знак на револт за притворените лица за настаните од 27 април во Собранието на Македонија.
На оваа седница беа разгледувани предлог програмите и оперативните планови за работа во 2018 година, се разгледуваа и програмите за работа на општинските установи и образовните институции од општината.
На крајот беа разгледани и усвоени извештаите на постојаните комисии на Советот на општина Радовиш.