СОВЕТОТ ЈА ОДРЖА 47 СЕДНИЦА
Дата
November 04, 2020
Категорија
Вести, СоветВчера со почеток од 14.00 часот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ се одржа продолжението на 47-мата седница на Советот на општина Радовиш која беше прекината поради немање кворум на 13.10.2020 година.
Советниците вчера продолжија и го работеа Дневниот ред од 63 точки, после паузата и напуштањето на дел од советниците беше утврдено дека има кворум за работа и се продолжи со седницата каде што се разгледаа и изгласаа предложените точки од дневниот ред.