Соопштение до граѓаните
Дата
April 01, 2019
Категорија
Вести, Известување, СоопштенијаТериторијата на нашата држава се соочува со зачестеност на полски и шумски пожари кои се помогнати од зголемувањето на температурите и сушниот период, а човечкиот фактор е посочен како причинител на истите, кои освен што ја загрозуват животната средина се закануваат и по животот на граѓаните.
Општина Радовиш упатува предупредување и апел до сите лица кои работат или се движат на отворен простор,особено на земјоделците кои интензивно се подготвуваат за пролетна сеидба и се палат отпадоци и стрништа на нивите:
– Да не се пали оган на отворен простор и на необезбедени места
– Да не се палат стрништа, земјоделски и други површини
– Да не се врши палење на отпад и друг горлив материјал
– Да не се фрлат отпушоци од цигари и догорчиња.
Доколку се забележи пожар на отворен простор, граѓанска должност на секој граѓанин е најбрзо што може да го пријави во надлежните институции. Од брзината и точноста на информациите зависи и успехот на акцијата за гасење и контрола на пожарот.
Доколку се затекнати лица кои палат оган на отворен простор, односно предизвикуваат пожари поради палење на стрништа, истите ќе подлежат на високи законски санкции.
195 – РЦУК -Регонален центар за управување со кризи
193 – ТППЕ – Територијална противпожарна единица
192 – Полиција
632-274 – РЦУК Радовиш
635-397 – ТППЕ Радовиш
634-105 – МВР ПС Радовиш
617-700 – Општина Радовиш