СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА ПО ПОВОД ПРЕКИНУВАЊЕТО НА XXV СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ
Дата
February 28, 2019
Категорија
Вести, Известување, Совет, СоопштенијаДваесет и петтата седница на Советот на општина Радовиш беше прекината вчера, откако советниците на ВМРО-ДПМНЕ, еден советник од редовите на СДСМ и двајца независни советници ја напуштија по завршувањето на советничките прашања без да биде донесена ниту една точка од дневниот ред.
Вчерашната седница беше од витално значење за нормалното функционирање на општината. Меѓу точките од дневниот ред беа и предлозите за одобрување на финансиски средства на „ЈППСО Радовиш“, „Пречистителната станица“, спортските здруженија и клубови како и здруженијата од областа на културата.
Од општ интерес беше и точката за предлог програмата за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести на територијата на општината за 2019 година.
Советници од ВМРО-ДПМНЕ кои ја напуштија седницата: Бојан Митевски, Ванчо Илиев, Моника Ристевска, Трајче Ивановски, Јован Лукаров, Нове Илиев. Од редовите на СДСМ – Јашар Сулејман и независните советници: Игор Петков и Горан Поцев.
РЕШЕНИЕ – за свикување на XXV седница на Советот на општина Радовиш