СООПШТЕНИЕ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА ЗА АРХИТЕКТОНСКО-УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ЗА ПРОМЕНА НА ГРАНИЦА ПОМЕЃУ ГП-Ж10 (КП 4440/2) И ГП-Ж11 (КП 4440/3) ДЕЛ ОД УБ15 ВО ОПШТИНА РАДОВИШ
Дата
April 22, 2019
Категорија
Вести, Известување, СоопштенијаВрз основа на член35 став3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр. 199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), Градоначалникот на Општина Радовиш го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на Јавна презентација и Јавна анкета за Архитектонско-урбанистички проект за промена на граница помеѓу ГП-Ж10 (КП 4440/2) и ГП-Ж11 (КП 4440/3) дел од УБ15 во Општина Радовиш
Јавна презентација и јавна анкета одобрување на Архитектонско – урбанистички проект за промена на граница помеѓу ГП-Ж10 (КП 4440/2) и ГП-Ж11 (КП 4440/3) во УБ15 во Општина Радовиш ќе се спроведе со излагање на Предлог планот во просториите на Мала Сала во Општина Радовиш.
Јавната анкета ќе трае пет(5) работни дена од 25.04 – 07.05.2019г. секој работен ден од 08:00 до 14:00 часот.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 25.04.2019г. во 13:00ч, во просториите на Мала Сала во Општина Радовиш, Бул.“А.Македонски“ бр.7.
Во споменатиот рок субјектите од член32 од законот за просторно и урбанистичко планирање , како и сите заинтересирани физички и правни лица можат да достават забелешки и предлози по предлог планот на анкетни листови, во електронска форма преку системот е-урбанизам или во писмена форма.
Општина Радовиш