СООПШТЕНИЕ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ ПОВТОРНА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА ЗА ПРЕДЛОГ ПЛАН ЗА УПС ПОДАРЕШ, ОПШТИНА РАДОВИШ
Дата
February 01, 2019
Категорија
Вести, Известување, СоопштенијаВрз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), член __ од Статутот на Општина Радовиш, и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Радовиш за 2018 година со Одлука бр. 08-1363/1 од 29.08.2018 година, од Советот на Општина Радовиш, Градоначалникот на Општина Радовиш го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање повторна јавна презентација и јавна анкета за
Предлог план за УПС ПОДАРЕШ, Општина Радовиш
Граници на опфатот се : КО Подареш,
Јавната анкета и јавната презентација, ќе се спроведе со излагање на Предлог планот во просториите на ЕЛС општина Радовиш.
Предлог План за УПС Подареш со Опфат од Р=104,00 ха,
Јавната анкета ќе трае пет (5) работни дена од 07.02.2019г. до 13.02.2019 г., секој работен ден од 11,00 до 15,00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на ќе се одржи на ден 13.02.2019 година, во просториите на мала Сала во општина Радовиш, и тоа: во 11:00 часот Предлог План за УПС Подареш,