СООПШТЕНИЕ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА УП ЗА ИНФРАСТРУКТУРА ЗА ЕЛЕКТРИЧЕН КАБЕЛ ОД 1,8 МW, ОД НОВОПЛАНИРАНА ТРАФОСТАНИЦА НА ФОТОВОЛТАЖНА ЦЕНТРАЛА
Дата
October 13, 2021
Категорија
Вести, Известување, СоопштенијаВрз основа на член 50 став 3 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.32/2020), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), член __ од Статутот на Општина Радовиш, и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Радовиш за 2021 година со Одлука бр. 08-23/2 од 05.01.2021 година, од Советот на Општина Радовиш, Градоначалникот на Општина Радовиш го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање јавна презентација на УП за инфраструктура за електричен кабел од 1,8 МW, од новопланирана трафостаница на фотоволтажна централа со моќност од 1,8 МW, до приклучна точка на ЕВН, во м.в.Рудина КО Раклиш-вгр, во Општина Радовиш.
Јавната анкета и јавната презентација, ќе се спроведе со излагање на УП за инфраструктура за електричен кабел од 1,8 МW, од новопланирана трафостаница на фотоволтажна централа со моќност од 1,8 МW, до приклучна точка на ЕВН, во м.в.Рудина КО Раклиш-вгр, во Општина Радовиш, со намена E1.13, во просториите на ЕЛС општина Радовиш. Должина на траса-ровот е 234,57 м1.
Јавната анкета ќе трае петнаесет (15) работни дена од 13.10.2021г. до 27.10.2021 г., секој работен ден од 11,00 до 15,00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
УП за инфраструктура за електричен кабел од 1,8 МW, од новопланирана трафостаница на фотоволтажна централа со моќност од 1,8 МW, до приклучна точка на ЕВН, во м.в.Рудина КО Раклиш-вгр, во Општина Радовиш, е објавена на ВЕБ страната на општина Радовиш.
Јавната презентација со стручно презентирање на УП за инфраструктура за електричен кабел од 1,8 МW, од новопланирана трафостаница на фотоволтажна централа со моќност од 1,8 МW, до приклучна точка на ЕВН, во м.в.Рудина КО Раклиш-вгр, во Општина Радовиш,, ќе се одржи на ден 22.10.2021 година, во просториите на мала Сала во општина Радовиш, во 13:00 часот.
Изготвил
Сузана Ѓоргиева
ГРАДОНАЧАЛНИК
Герасим Конзулов