СООПШТЕНИЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА ДОБИВАЊЕ СЕРТИФИКАТ ЗА АВТО-ТАКСИ ВОЗАЧ
Дата
February 26, 2020
Категорија
Вести, Известување, Соопштенија
СООПШТЕНИЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА ДОБИВАЊЕ СЕРТИФИКАТ ЗА АВТО-ТАКСИ ВОЗАЧ
Соглaсно член 8-ѕ од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ број 68/04, и измени) и Правилникот за постапката и програмата за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач, формата и содржината на записникот за положен испит и на сертификатот за авто-такси возач, („Службен весник на РСМ“ бр. 126/19),
Општина Радовиш ќе одржува полагање на испитот за добивање сертификат за авто-такси возач секој петти во месецот (ако е во неработен ден, тогаш следниот работен ден) во просториите на Општина Радовиш од 12.30 ч. до 14.30 ч. Во случај на зголемен интерес ќе се даде дополнителен термин за полагање на испитот.
Пријавувањето за полагање на испитот се врши со поднесување пријава до Општина Радовиш најдоцна 2 дена пред одржувањето на испитот.
Комисија за полагање на испит за авто – такси возач во Општина Радовиш