СООПШТЕНИЕ ЗА ПРОЕКТОТ ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ
Дата
May 11, 2021
Категорија
Вести, Известување, СоопштенијаПочитувани граѓани,
Информирани сме дека деновиве на социјалните мрежи одредени неупатени поединци, тргнувајќи од лични интереси задскриени и со политикански конотации, ги дезинформираат граѓаните и ги доведуваат во заблуда, користејќи тенденциозни дезинформации и невистини.
Имено, се работи за проектот за уредување на централното градско подрачје, кој е составен дел на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба, реконструкција и одржување на комунални објекти и локални патишта во Oпштина Радовиш, донесена од Советот на општината на седницата одржана на 05.01.2021 година која ние интензивно и посветено ја реализираме.
Пред донесувањето на секоја годишна Програма, општината покрај своите идеи, користи и мислења од месните заедници и поединци кои поднеле барања за реализирање на проблеми за кои сметаат дека се приоритетни. Така и овој пат, почитувајќи ги барањата на граѓаните, изработивме современ проект за уредување на централното градско подрачје со цел да истото се ревитализира со нови содржини за негово заживување, бидејќи сме сведоци дека во последните неколку години ја има изгубено функционалноста во однос на неговиот првичен проект.
Заради Ваше информирање, а со најдобри намери да се избегнат непотребни недоразбирања со поединци кои заради неинформираност, тенденциозно се борат за нереализација на овој проект, слободни сме да Ве известиме за следното:
Се работи за проект кој на централното градско подрачје ќе му даде нов облик и сјај кој ќе биде применлив најмалку за следните 20 – 30 години.
Ќе се овозможи проодност за возила со регулиран режим на сообраќај за дотур на стоки во одреден временски период од денот и воедно ќе се овозможи несметан пристап за интервенции на итна служба, противпожарни возила и за други интервенции.
Воопшто не се работи за изградба на нови улици за проток на возила (коловоз, ивичњаци и др.).
Напротив, ќе се отрстанат одредени постоечки објекти кои ја оптеретуваат функционалноста на просторот.
Просторот ќе се оплемени со нови содржини (зеленило, клупи, нови канделабри и друга урбана опрема), а движењето на пешаците ќе биде на поголема површина од сегашната.
Ќе се вработат лица кои ќе се грижат само за одржување и функционирање на централното градско подрачје.
За работите да бидат уште појасни, во прилог е презентација на сегашниот и идниот изглед на централното градско подрачје.
Почитувани граѓани, ја очекуваме Вашата соработка.
На поединци на кои не им одговара интензивната градба во општината им порачуваме дека,
Посветено градевме, градиме и ќе градиме.
Со почит
Oпштина Радовиш