СООПШТЕНИЕ ЗА СОСТАНОК СО ИМАТЕЛИ НА НАДЗЕМНИ КАБЕЛСКИ МРЕЖИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА РАДОВИШ
Категорија
Вести, Известување, СоопштенијаС О О П Ш Т Е Н И Е
На ден 24.11.2021 година со почеток од 12:00 ч. ќе се одржи состанок со иматели на надземни кабелски мрежи на територијата на општина Радовиш, во салата за состаноци во зградата на ЕЛС општина Радовиш.
Целта на состанокот е да се разгледат можностите за дислоцирање на надземните кабелски инсталации и заменување со нови подземни кабелски водови.
Се покануваат сите иматели да присуствуваат на состанокот.
Се надеваме на успешна соработка и заеднички да го решиме овој проблем кој ќе ја подобри сликата на нашиот град.
Со почит.