If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | СООПШТЕНИЕ ДО ГРАЃАНИТЕ
14894
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-14894,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

СООПШТЕНИЕ ДО ГРАЃАНИТЕ

Дата

September 10, 2018

Категорија

Вести, Известување, Соопштенија

Почитувани сограѓани,

        Според долгорочната временска прогноза, за подрачјето на Република Македонија а со тоа и на општина Радовиш, ни престои период пропратен со високи дневни теператури и слаби врнежи од дожд.

 

Временските прилики во текот на пролетта и летото, условија силен развој на вегетацијата, која веке е во фаза на сушење и преставува потенцијална опасност од појава на пожари на отворени површини но и во урбани средини.

 

Имајќи предвид, дека ни престои сезона на зголемена активност на населението (обезбедување на огрев, есенска берба на земјоделските култури, подготовка на зимница, печење ракија, почеток на ловна сезона, грејна сезона и др.) и употреба на запаливи и лесно запаливи средства, како во урбаните средини така и надвор од нив, како превентивни мерки, за намалување и спречување на евентуални пожари, заштитата на животната средина, намалување на материјалните и други штети го препорачуваме следното:

-без потреба да не се пали  оган на отворен простор, посебно во ридско-планинските подрачја,

-во случај на палење на оган да се преземат сите мерки за контрола над огнот и негово гасење,

-внимателно да се ракува и употребуваат запаливи и лесно запаливи средства,

-пред почетокот на грејната сезона да се исчистат димоводните инсталации (оџаци),

-да не се фрла запален отпад во контејнерите за собирање на смет.

 

На наше барање, од страна на МВР-ПС Радовиш, Шумската полиција, Шумочуварската служба на ЈП ,,Македонски шуми,, подружница ,,Плачковица,,-Радовиш. ЈП,,Плаваја,, и ЗЛТ ,, Готен,,- Радовиш, се зголемува контролата на теренот во рамките на нивните законски надлежности.

 

Лицата кои ке предизвикаат пожар и ќе бидат откриени од надлежните органи , ке бидат казнети според Законот.

Штетите како и трошоците, настанати како последица од опожарувањето ке ги надомести предизвикувачот на пожарот.

 

Со почит,

 

Општина Радовиш

Градоначалник Герасим Конзулов