СОРАБОТКА САНДАНСКИ-РАДОВИШ: СТАРТУВА ПРОЕКТОТ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОСЕДИЦИТЕ ОД ПРИРОДНИ КАТАСТРОФИ
Дата
December 24, 2019
Категорија
Вести, Тековни ПроектиКе се уредува коритото на река Сушица во должина од 624 метри.
Стартува имплемементацијата на проектот„ Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците од катастрофи во општините Сандански и Радовиш“ финансиран од ЕУ преку Интеррг-ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Р.Бугарија и Р.С.Македонија.
Главанта цел на проектот е спречување и ублажување на последиците од природните катастрофи од прекгранична дименизија. Во Радовиш главна активност ќе биде уредување на дел од коритото на реката Сушица во должина од 624м, поставување на каскадни прагови, кејски ѕид, уредување на дното и градење скали и рампи.
Вкупната вредност на проектот изнесува 587.931,97 евра од кои кофинансирањето од Општина Радовиш изнесува 191.630,00 евра а останатите средства се обезбедени од ЕУ и Министерството за локална самоуправа.
Проектот се имплементира преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, во партнерство со Општина Радовиш и Општина Сандански со времетраење од 24 месеци.