СПОРТСКИТЕ КЛУБОВИ НАШЕ СЕКОЈДНЕВИЕ
Градоначалникот на општина Радовиш Сашко Николов продолжува со средбите со спортските клубови од општината сакајки дирекно да се запознае со реализацијата на програмата на спортските клубови, нивното секојдневие и нивните планови за тековната година.
Во текот на вчерашниот ден тој се сретна со членовите на Алпинистичкиот Клуб Плоча од Радовиш каде што од страна на раководството на АК Плоча детално беше запознаен со нивните достигнувања во текот на ланската година,постигнатите резултати и со нивните планови и амбиции за во 2016 година.
Градоначалникот Николов од своја страна го истакна задоволството што толку млади луге и деца се вклучени и се занимаваат со овој убав и атрактивен спорт и истакна дека и оваа година во буџетот на општина Радовиш има средства предвидени за реализација на програмата на АК Плоча и дека како и досега општина Радовиш помагањето на спортот и спортските клубови го држи на високо место на пиедесталот на приоритети на општината.
Дата
February 11, 2016