СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СО ГРАЃАНИТЕ ОД 3, 4 и 5 УЗ РАДОВИШ.
Дата
March 11, 2015
Категорија
ВестиВечерва во “Центарот за култура” во Радовиш, Градоначалникот Сашко Николов заедно со Претседателот на Советот Никола Миовски одржаа состанок и средба со граѓаните од Урбаните заедници 3, 4 и 5 од Радовиш. На оваа средба исто така беа присутни и раководители и директори од подрачните институции.
Градоначалникот Николов на средбата ги запозна граѓаните од 3,4 и 5 УЗ од Радовиш со проектите кои општината планира да ги реализира во рамките на програмите за работа на општина Радовиш за 2015 година. А од страна на граѓаните беа поставени и голем број на прашања до Градоначалникот Сашко Николов и раководителите на подрачните институции за проблемите со кои тие се соочуваат во нивните Урбани заедници.
Во наредниот период Градоначалникот Николов вакви посети и средби со граѓаните ќе оствари во сите урбани заедници по населените места во општината.