СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СО ГРАЃАНИТЕ ОД 1 и 2 УЗ РАДОВИШ
Дата
March 10, 2015
Категорија
ВестиГрадоначалникот Сашко Николов во придружба на Претседателот на Советот Никола Миовски, Директорот на ЈП Плаваја Драги Миленков како и други раководители и директори од подрачните институции ја продолжува праксата за посети по Урбаните заедници и средби со граѓаните на општина Радовиш.
Вечерва во Центарот за култура во Радовиш беше одржан состанок и средба со граѓаните од Урбаните заедници 1 и 2 од Радовиш.
Целта на средбите е жителите од овие урбани заедница да ги изнесат приоритетите и проблемите со кои тие се соочуваат но исто така и да се запознаат со проектите кои општината планира да ги реализира во рамките на програмите за работа на општина Радовиш за 2015 година.
Во наредниот период Градоначалникот Николов вакви посети ќе оствари во сите урбани и месни заедници во општината.
Тие се особено значајни за непосредната комуникација на жителите со локалната самоуправа. Притоа на овој начин се создаваат и повеќе можности за спроведување на оние проекти со кои директно се подобруваат условите за живеење на сите граѓани.
Средбите ќе продолжат утре во Среда (11.03.2015 година.) од 18.00 часот во Центарот за култура во Радовиш со граѓаните од Урбаните заедници 3,4 и 5 од Радовиш.