СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СО ГРАЃАНИТЕ ОД ЈАРГУЛИЦА И РАКЛИШ
Дата
March 12, 2015
Категорија
ВестиВечерва се продолжи со Агендата на Градоначалникот Сашко Николов за посети и средби со граѓаните од Урбаните заедници во општина Радовиш.
Градоначалникот Сашко Николов заедно со Претседателот на Советот Никола Миовски, како и дел од своите соработници денес ги посетија Урбаните заедници од населените места Јаргулица и Раклиш каде што остварија средби со граѓаните.
Граѓаните од овие населени места од страна на Градоначалникот Николов беа запознаени со предвидените проекти кои допрва треба да се реализираат во нивните населени места во рамките на програмите за работа на општина Радовиш за 2015 година, а од нивна страна беа изнесени приоритетите и проблемите со кои тие се соочуваат.