СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СО ГРАЃАНИТЕ ОД ЗЛЕОВО И ПОКРАЈЧЕВО
Дата
March 13, 2015
Категорија
ВестиАгендата на Градоначалникот Сашко Николов за посети и средби со граѓаните од Урбаните заедници во општина Радовиш продолжи и вечерва во населените места Злеово и Покрајчево.
Градоначалникот Николов на средбата која што беше пристутен и Претседателот на Советот Никола Миовски, ги запознаа грѓаните со предвидените проекти кои допрва треба да се реализираат во нивните населени места во рамките на програмите за 2015 година.
Од страна на жителите на Злеово и Покрајчево до Градоначалникот Николов и Претседателот на Совет Миовски беа поставени и повеќе прашања, а исто така беа изнесени приоритетите и проблемите со кои тие се соочуваат.