СРЕДБА НА СЕКРЕТАРОТ СТОЈАНОВ СО ДИРЕКТОРОТ НА ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА ИБРАХИМ АЛТАН
Дата
March 31, 2021
Категорија
ВестиДонирани 25 инвалидски колички за лица со попреченост
Сектетарот на Општина Радовиш, Драги Стојанов оствaри средба со генералниот директор на Црвената полумесечина на Република Турција, Ибрахим Алтан. Повод за денешната средба беше донацијата на 25 инвалидски колички, слушни апарати и средства за хигиена од страна на Црвената полумесечина за лица со попреченост во нашата општина.
На средбата присуствуваа заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин, директорката на општинската организација на Црвениот крст, Верица Беќарова, советникот Енис Омер како и претставнци од турската амбасада.
Секретарот на Општна Радовиш, Драги Стојанов се заблагодари за помошта и ја истакна добрата соработка која Општината ја остварува со Црвената полумесечина и Црвениот крст и изрази уверување за продлабочување на истата во иднина.
Заменик министерот Енвер Хусејин информираше дека со донацијата ќе бидат опфатени неколку општини меѓу кои, Радовиш, Струмица, Гевгелија, Робово и дел од Скопје.
По средбата делегацијата се упати во посета на лицата со попреченост и достава на помошта во неколку населени места.