СРЕДБА СО ЖИТЕЛИТЕ НА ПОКРАЈЧЕВО
Дата
October 01, 2015
Категорија
ВестиПосетите и средбите со жителите на урбаните и месните заедници во општина Радовиш на Градоначалникот Николов продолжија и вчера во вечерните часови, каде што беше посетено населеното место Покрајчево и остварена средба со граѓаните од оваа месна заедница.
Со оваа посета на Градоначалникот Сашко Николов се продолжи со Агендата за посети по населените места, урбаните и месните заедници, каде што преку директен контакт и средби со овие жители Градоначалникот се запознава со проблемите со кои се соочуваат, и наоѓање начин за нивно решавање.
На оваа средба од страна на Градоначалникот Николов жителите на Покрајчево беа запознаени со проектите кои се за оваа населено место (изградбата на новата училишна зграда, довршување на канализационата мрежа и др.) а исто така им беа претставени и наредните проекти кои треба да се реализирааат во Покрајчево.
Агендата на Градоначалникот Сашко Николов за посети по урбаните и месните заедници во општина Радовиш продолжува и во текот на наредните денови, каде што е предвидено да се остварат средби со граѓаните од сите населени места во општина Радовиш.