СРЕДБА СО ЛУИЗА ВИНТОН –ПОСТОЈАН ПРЕТСТАВНИК НА „УНДП“ ВО МАКЕДОНИЈА
Дата
November 13, 2015
Категорија
ВестиВо официјална посета на општина Радовиш на покана од Градоначалникот Сашко Николов, Општина Радовиш вчера беше Постојаниот претставник на УНДП во Македонија, Луиза Винтон (Louisa Vinton).
Најпрво беше остварена официјална средба во Кабинетот на Градоначалникот на Општина Радовиш г-дин Сашко Николов каде се разговараше на повеќе теми од витално значење за Општина Радовиш, посебно во делот на социјалната инклузија, локалната инфраструктура (уредување на речниот слив на Радовишка река и заштита од поплави), економијата (новата индустриска зона-ТИРЗ и тековните економски предизвици) и туризмот.
На состанокот беше договорено продолжување на тековната взаемна соработка при имплементацијата на веќе одобрените проекти, и беа разгледани можности за идна соработка на повеќе полиња.
Следствено, Постојаниот претставник на УНДП во Македонија, г-ѓа Луиза Винтон, придружувана од претставници на Општина Радовиш и раководителите на Центарот за социјални работи и Агенцијата за вработување во Радовиш, посетија дел од микро и малите претпријатија поддржани преку заедничките програми на Владата на Република Македонија и УНДП, потоа посетија дел од лицата кои се крајни корисници на проектот Општинско-корисна работа и присуствуваа на обуката на ангажираните лица за грижа на стари и изнемоштени лица од проектот Општинско-корисна работа.
Постојаниот претставник на УНДП во Македонија беше запознаена со туристичките потенцијали на Општина Радовиш посебно во делот на алтернативниот туризам.