Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ КОИ УЧЕСТВУВАА НА ФЕСТИВАЛ ВО СЛОВЕНИЈА
11094
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-11094,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ КОИ УЧЕСТВУВАА НА ФЕСТИВАЛ ВО СЛОВЕНИЈА

Дата

November 02, 2015

Категорија

Култура

Градоначалникот Сашко Николов денеска оствари средба со претставници од  Здружението на пензионерите на Радовиш и Конче кои учествуваа на фестивал во Словенија.

 

 

На заедничката средба Градоначалникот Сашко Николов беше запознаен со учеството на членови од Здружението на пензионерите на Радовиш и Конче на 15-тиот Фестивал на третата животна доба во Љубљана, Република Словенија.

 

Дваесет и шест пензионери од Радовиш и Конче заедно со претставници од Македонска Каменица и Скопје учествуваа на овој настан кој беше потпомогнат од локалната самоуправа и Градоначалникот Николов.

 

Градоначалникот им честита за остварените успеси во Љубљана и посака уште вакви успеси и плодна работа. Ваквите настани може да придонесат за поголема активност и ангажираност на лицата од трето доба особено што Европската унија има посебни програми за активно стареење.

 

,„Овој настан се орджува по 15-ти пат и во истиот се содржани повеќе области, од кои за нашето здружение и претставници најважни беа меѓународните конференциии и културно-уметнички содржини, а имаше и саем на производи потребни за луѓето од трета доба, многу предавања и едукативни работилници за сите возрасти па и деца од градинка. Слоганот на Фестивалот беше „СИТЕ СМЕ ЕДНА ГЕНЕРАЦИЈА“. Во смисла на на наводите беа одржани над 70 занимливи и корисни предавања. На меѓународните конференции учествуваа претседателот на СЗПМ, Драги Аргировски, д-р Андреја Наумовски и д-р Илија Глигоров. На темата „КАКО АКТИВНО ДА СТАРЕЕМЕ“ претседателот Аргировски имаше запазен реферат.,, рече Јордан Костадиновски претседател на ЗП ,,Радовиш и Конче,,.

 

Истотака учеството во културно-уметничкиот дел на ЗП Радовиш и Конче беше со забележително голем успех и одличен прием од посетителите. За прв пат на странско друштво беше дозволено да оствари шест настапи во текот на два дена на Фестивалот.