СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ ОД СПОРТСКИТЕ КЛУБОВИ
Дата
February 28, 2019
Категорија
Вести, Известување, СпортДенес во просториите на општина Радовиш на иницијатива на претседателите и претставници на дел од спортските клубови во општина Радовиш, се одржа средба со Градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов на која беше изразен револтот кон дел од Советниците во Советот на општина Радовиш поради неодржувањето на 25 седница, и недонесувањето на одлука за распределба на финансиски средства за спортските клубови за 2019 година.
Од таа причина и поради нивно најавено не присуствување на манифестацијата „Спортист на годината“, сакаме да ја информираме јавноста дека истата манифестација се одложува.
Дополнително ќе бидете информирани за нејзиното одржување.