СРЕДБА СО ЧЛЕНОВИТЕ ОД ЗДРУЖЕНИЕТО НА БРАНИТЕЛИ „БЕДЕМ“-РАДОВИШ
Дата
February 16, 2016
Категорија
ВестиГрадоначалникот Николов оствари средба со претставниците на Здружението на бранители „Бедем“ од Радовиш на која беше разговарано за потребите и проблемите во работењето на здружението.
Беше искажана благодарност кон Градоначалникот Сашко Николов бидејќи редовно ги подржува нивните активности и беше укажано на потребата од поголема соработка и активности со другите институции во нашата општина.
Членовите побараа од Градоначалникот Николов поддршка во делот на почитување на Законот на бранители од 2002 година односно вработување на деца или членови на семејство на бранител. Во идниот период треба и да се подобри состојбата со централното здружение.